47-ГОДИШНИОТ ОХРИЃАНЕЦ НЕ МОЖЕЛ ДА ЈА ИСКОНТРОЛИРА НЕРВОЗАТА Ја искршил таблата на бугарското здружение „Цар Борис“ и сам се пријавил во полиција

Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл.243 ст.3 гонењето за делото се презема по приватна тужба.

449

Вчера во СВР Охрид извршен е разговор со 47-годишниот Г.И. од Охрид и констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување”, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III” поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам” на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување заради нивно натамошно постапување“, се вели во соопштението.






Дел од медиумите објавија дека човекот што ја искршил таблата е познат на полицијата од самиот почеток затоа што тој сам се пријавил откако го извршил делото.

Поврзани содржини