ЈАС СУМ МАКЕДОНКА, ТОА Е МОЈОТ ИДЕНТИТЕТ Мираковска жестоко му одговори на бугарски пратеник во Стразбур (ВИДЕО)

Пратеничката посочи дека проблем на Бугарија е што издавала бугарски пасоши на нелегален начин и заведени на адреса на една бандера.

1,261

Пратеничката од НСДП Соња Мираковска му возврати на бугарскиот пратеник Александар Јорданов во Советот на Европа дека е Македонка и дека тоа е нејзиниот идентитет.

Јорданов рече дека за Македонија реално да ги започне преговорите со Европската Унија најпрво треба да го промени Уставот и Бугарите да влезат во него, на што Мираковска му реплицираше:






– Вие мене, ниту на моите сограѓани, не можете никогаш да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик. Јас сум Македонка, зборувам на македонски јазик, живеам во Македонија сега наречена Северна Македонија. И тоа е мојот идентитет – рече Мираковска.

Таа посочи дека проблем на Бугарија е што издавала бугарски пасоши на нелегален начин и заведени на адреса на една бандера.

Поврзани содржини