ТИНЕЈЏЕР Е ПОВРЕДЕН СО НОЖ Го нападнале двајца малолетници

271

Во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен малолетник од Скопје со повреда од остар предмет.

Настанот бил пријавен вчера во 22:21 часот во СВР Скопје.






По преземени мерки било констатирано дека малолетникот на подрачјето на Бит Пазар бил повреден од други двајца малолетници од Скопје, со кои имал претходни недоразбирања.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Поврзани содржини