ПЕШАЧКИТЕ ОСТРОВИ СЕ ПРЕТЕСНИ, ПОСТОИ ОПАСНОСТ Ангелов ќе апелира до градските власти за овој проблем
Тој објаснува дека зебрата често граѓаните ја поминуваат под дејство на адреналин надевајќи се дека некој ќе се „смилува“ да ги пушти. На некои булевари со шест ленти нема воопшто острови, додека кај раскрсницата кај Градска Болница во Скопје, граѓаните мораат да трчаат брзо поради краткиот семафор.
Пешачките острови каде пешаците чекаат зелено светло, широк околу еден метар се многу тесни и ги загрозуваат граѓаните додека околу нив врват возила и несовесно возачи. Вакво е мислењето на првиот човек а Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој за Канал 5 потврдува дека за проблемот имало веќе неколку поплаки на бројот 112. Тој вели дека ќе разговара со градските власти за да се решат овие градски точки.
– Велосипедистите се со половина велосипед на улица оти нема доволно место, а уште поопасно е за родителите кои туркаат детски колички – вели Ангелов за Канал 5.
Тој објаснува дека зебрата често граѓаните ја поминуваат под дејство на адреналин надевајќи се дека некој ќе се „смилува“ да ги пушти. На некои булевари со шест ленти нема воопшто острови, додека кај раскрсницата кај Градска Болница во Скопје, граѓаните мораат да трчаат брзо поради краткиот семафор.
Истовремено, Ангелов упатува на проблемот со преминувањето на улицата кај Зелено пазарче, каде граѓаните по навика