ТЕЖОК ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО СТРУШКО Постои опасност да зафати квалитетна шума

25

Тежок пожар има во атарот на селата Локов и Буринец во Струга, каде гори неквалитетна шума, грмушки и трња, а постои опасност пожарот да зафати и квалитетна шума, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

– Се размислува за користење хеликоптер за гаснење, но во топлите часови од денот неговата употреба е ограничена. Упатени се повеќе екипи на Национални шуми кои се обидуваат да го стават под контрола овој пожар – вели Ангелов.






Вчера попладне избил пожар во Штипско под падините на планината Серта.

Со овој пожар се обидуваат да се справат доброволните пожарникари од Штип, а рано утрово е испратен и полициски хеликоптер, кој значително помогнал да се стави под контрола еден крак од пожарот. Во Штипско зафатена е ниска вегетација.

Поврзани содржини