ТРИФОНОВ СО ОСМАНИ „УДИРА“ ПО ПЕТКОВ Францускиот предлог е 3:1 за Македонија, затоа падна бугарската влада

За овој резултат – 3:1 за Северна Македонија во бугарскиот парламент гласаа „Продолжуваме со промената“, ГЕРБ, ДПС, „Демократска Бугарија“, а БСП беа воздржани. „Има таков народ“ гласаше „против“ - потсетува Слави Трифонов.

1,001

Исмејувањето на бугарската историја и меморија и одбивањето веднаш да се заштитат правата на Бугарите во Северна Македонија, а не некаде во далечна иднина, е една од причините поради која падна владата на Кирил Петков – пишува на својот профил на Фејсбук лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов, коментирајќи го интервјуто на министерот за надворешни работи Бујар Османи за ТВ Сител.
„
Северномакедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи за ТВ Сител го изјави следново: ‘Исходот од преговорите со Бугарија заврши со 3 спрема 1 за нас. Го зачувавме јазикот, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ и ги оставивме историските прашања надвор од патоказот. Бугарија доби промена на Уставот некаде на средината на процесот – по почетокот на преговорите. Поради тоа сметам дека тоа беше добар компромис“ – цитира Трифонов.

Потоа потсетува кој во бугарскиот парламент гласал за францускиот предлог.






– За овој резултат – 3:1 за Северна Македонија во бугарскиот парламент гласаа „Продолжуваме со промената“, ГЕРБ, ДПС, „Демократска Бугарија“, а БСП беа воздржани. „Има таков народ“ гласаше „против“ – потсетува Слави Трифонов.

Поради тоа, според Трифонов, паднала владата на Кирил Петков.

Бугарија е во изборна кампања, а рејтингот на партијата на Трифонов, според анкетите, се движи околу цензусот од 4 отсто што е минимум влез во парламентот.

Поврзани содржини