ЏЕЈСОН МОМОА ЈА ИЗБРИЧИ КОСАТА И ЈА ПОКАЖА НОВАТА ТЕТОВАЖА Има посебно значење (ФОТО)
Актерот на левата страна од главата истетовирал специјална шема во чест на повторното отворање на аеродромот на Хаваи. Досега немаше летови поради пандемијата на коронавирусот.
Актерот Џејсон Момоа (43) покажа тетоважа на главата откако ја избричи својата долга коса. Со видеото и фотографиите сакаше уште еднаш да укаже на штетноста на пластиката.
– Помогнете да се запре пластиката за еднократна употреба – напиша тој со објавата.
View this post on Instagram
Актерот на левата страна од главата истетовирал специјална шема во чест на повторното отворање на аеродромот на Хаваи. Досега немаше летови поради пандемијата на коронавирусот.
– „Хавајски ерлајнс“ – горд што сум од Хаваи, горд што лета со „Хавајски ерлајнс“, најдобриот дел е што конечно лета и за Нов Зеланд; поминаа две години откако не можеа да заминат поради ковид.„Хавајски ерлајнс“, те сакам поради ова и имам нешто посебно за тебе – изјавил тој во видеото кое го сподели и со своите фанови. Им ја покажа својата нова тетоважа и додаде дека „шефот се врати“.
Многумина се шармирани од неговиот нов изглед, меѓу кои и актерот Тајрис Гибсон (43).
– Те сакам, голем брат, твојот дух е скромен, толку заразен и голем – прокоментира Гибсон.
View this post on Instagram
На почетокот на септември, Џејсон ги отсече своите препознатливи долги кадрици како знак на протест против загадувањето на животната средина.
– Еве за новите почетоци. Ширеме алоха. Бидете подобри во заштитата на нашата Земја и океаните. Мора да ја отстраниме пластиката за еднократна употреба од нашите животи и мориња, пластични шишиња, пластични ќеси, амбалажа, садови, сето тоа – напиша тој во описот на видеото.
„Изморен сум од овие пластични шишиња, мора да престанеме. Пластичните шишиња се ужасни. Сега сите правата алуминиум, кој е фантастично, па алоха – призна тој, а обожавателите го пофалија што ја допре оваа важна тема.
ФОТО: Инстаграм