ДРАМАТИЧНО СПАСУВАЊЕ КАЈ ТРЕСКАВЕЦ Две туристки од Полска беа извлечени од провалија (ВИДЕО)
Успешната спасувачка акција конкретно и брзо ја реализирал Дарко Недановски со колегата Иван Атанасовски, инаку членови – доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп, соопшти ЦУК.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираше дека спасени се две туристки од Полска кај манастирскиот комплекс „Трескавец“ во Прилеп, откако паднале во пресек од карпа над провалија.
– Успешната спасувачка акција конкретно и брзо ја реализирал Дарко Недановски со колегата Иван Атанасовски, инаку членови – доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп – соопшти ЦУК.
Недановски е познат и по многу спасувачки и истражувачки акции во земјава и странство и е државен рекордер во спуштање во длабочина, а е и претседател на Спелолошката федерација на Македонија.
– Во 16:00 часот двете туристки – млади девојки од Полска, од локација кај манастирот „Трескавец“, преку Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, побарале помош бидејќи при движење надолу од манастирот кон градот, паднале во процеп на стрмна карпа над провалија и биле во опасност да се повредат, а едната од нив се држела за карпа. Тие биле дел од поголема група туристи и биле заостанати од групата којашто се враќала од посетата познатиот манастирски комплекс – велат од ЦУК.
Известени сме дека покрај доброволното друштво „Златоврв“ од Прилеп, на терен излегла екипа и од ТППП Прилеп (4 пожарникари со 1 теренско возило) од 16.10ч. За настанот биле известени и ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола).
Двете девојки од Полска се пронајдени и извлечени во 17:15 часот. Тие се во добра здраствена состојба и имале само по неколку гребнатини на рацете.