СЛЕПИТЕ БАРААТ ПОВИСОКИ ДОДАТОЦИ Преку протест бараат надоместот да се врзе со просечната плата

Протестот на Националниот сојуз на слепите лица на Република Македонија (НССРМ) денеска почна од пред зградата „Даре Џамбаз“, се движи низ центарот на Скопје, пред Собранието и ќе заврши пред Владата.

121

Денеска во Скопје протестираат здруженијата на слепите од земјава откако, како што велат, од Владата не наишле на разбирање за средба и разговор за нивните барања.

Протестот на Националниот сојуз на слепите лица на Република Македонија (НССРМ) денеска почна од пред зградата „Даре Џамбаз“, се движи низ центарот на Скопје, пред Собранието и ќе заврши пред Владата.






Сојузот бара зголемување на додатокот за попреченост кој изнесува 7.500 денари.

– За 10 години покачувањето е само 500 денари. Со години е истава сума, а цените само растат. Бараме оваа сума да се врзе со просечната плата, како што беше порано, односно да биде 40% од просечната плата во Република Македонија. Исто така, сумата која се зема по основ туѓа нега, која сега е околу 4000 денари, а која ја имаат остварено правото по основ на оштететен вид од 98% до 100%, како и оние со телесно оштетување, да се врзе исто така со просечната плата, а не со животните трошоци, односно да биде 30% од просечната плата во Македонија – вели Жарко Селковски претседател на Националниот сојуз на слепите лица на Република Македонија (НССРМ).

Тој потсети и дека слепите лица немаат законски никакво право за користење помагала.

– Бараме системско решавање на овој проблем, а додека да се најде решение, да се продолжи со исплата на средства во сума од 1.000.000 денари годишно, со цел Националниот сојуз да може на своите членови да им обезбеди барем минимални неопходни помагала за олеснување на нивниот секојдневен живот – додава Селковски.

Поврзани содржини