ХРВАТСКИТЕ ВАТЕРПОЛИСТИ СЕ ИСКАЧИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ТРОН Ја победија Унгарија со гол разлика

Вистинска драма имаше во завршницата од мечот откако Мариниќ Крагиќ во самата завршница од петерец донесе водство за 9 наспрема 8.

181

Хрватска е нов европски првак во ватерполо откако победи во финалето против Унгарија со 10 наспрема 9  во Сплит. Ова е голем потег на хрватските ватерполисти постигнат по 12 години.

Вистинска драма имаше во завршницата од мечот откако Мариниќ Крагиќ во самата завршница од петерец донесе водство за 9 наспрема 8, а потоа Унгарија промаши петерец и во контра Хрватска доби шанса од пенал да го заврши мечот, кој го реализираше повторно Мариниќ Крагиќ за 10 наспрема 8 на минута ипол до крајот.






Хрватите и во следниот напад на Унгарија се одбранија, а противникот на 32 секунди намали на 10 наспрема 9.

Поврзани содржини