РУСИЈА ПОСАКУВА ДА СЕ ЗАПАЛИ НОВ ФИТИЛ НА БАЛКАНОТ Рама за „Дер Шпигел“

– Дали сте слушнале колку пати Путин го спомнува Косово во своите говори? Постојано повторува: „Косово, Косово, Косово“. Шефот на Кремљ го поттикнува најболниот од сите нерешени проблеми на Балканот и прави сѐ за да запали нов фитил - изјави Рама.

280

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германски „Дер шпигел“ меѓу другото оценува дека Москва подгрева конфликт на Балканот и го загрозува кревкиот мир, додавајќи дека „Русија би била задоволна доколку нешто почне во насока на конфликтот во регионот“.

– Дали сте слушнале колку пати Путин го спомнува Косово во своите говори? Постојано повторува: „Косово, Косово, Косово“. Шефот на Кремљ го поттикнува најболниот од сите нерешени проблеми на Балканот и прави сѐ за да запали нов фитил – изјави Рама.






Според негова процена жителите на регионот се поделени на оние кои се против Путин и оние кои го поддржуваат, но оти во Србија „симпатиите за Москва се силни“ а во „Република Српска тие се многу силни“.

– Осумдесет проценти од православните Срби имаат позитивно мислење за Путин. Во Албанија, од друга страна, според анкета спроведена од Владата, поддршката за Путин е 0,7 отсто, истакна Рама.

На прашање за независноста на Косово, Рама оцени  дека „одлуката за прогласување независност за Косово е правилна“.

– Сега постои и процес на мир и помирување, дури иако тој процес ќе трае долго – додаде Рама.

Тој и со оценка дека во Црна Гора има „длабока поделба меѓу црногорското и српското население“.

– Треба да бидеме внимателни, зашто ова влијание може да се претвори во нешто страшно. Но добро е што го имаме Отворен Балкан – наведе Рама за „Дер Шпигел“.

Весникот потсетува дека по неговиот избор за премиер 2013 година, Рама отпатувал за Белград, што била прва посета на албански премиер по 68 години.

 

 

 

Поврзани содржини