БАЈДЕН СОБОРИ НЕСЛАВЕН РЕКОРД Повеќе е на одмор, отколку во канцеларија, критичарите бесни

Националниот комитет на Републиканската партија пресметал дека Џозеф Бајден од почетокот на мандатот на 20 јануари 2021 година искористил 228 слободни денови, а само од почетокот на оваа година 93 денови.

558

Американскиот претседател Џозеф Бајден повторно е на одмор кој трае од 10 до 24 август, со прекин од еден ден. Поради тоа, Бајден се најде на удар на бројни критики, бидејќи по бројот на слободни денови е далеку пред неговите тројца претходници Доналд Трамп, Барак Обама и Џорџ Буш помладиот.

Бајден замина на одмор на 10 август, на брегот на Атлантскиот Океан во Јужна Каролина. Во Белата куќа се врати дури на 16 август, кога го потпиша законот за воведување антиинфлаторни мерки. Веднаш потоа заминал во својата резиденција во Делавер, од каде се враќа на 24 август (денес).

 






Националниот комитет на Републиканската партија пресметал дека Џозеф Бајден од почетокот на мандатот на 20 јануари 2021 година искористил 228 слободни денови, а само од почетокот на оваа година 93 денови.

Според „Њујорк пост“, кој поради таа причина го нарече „Надвор од градот“ (Out of Towner), Бајден во текот на 19-те месеци од неговото претседателствување бил на одмор многу повеќе од неговите претходници, поминувајќи дури 150 дена во неговата резиденција во Делавер.

Со своите 228 слободни денови, Бајден убедливо го надмина Доналд Трамп, кој во истиот период помина 132 дена на одмор. Претходно Обама користеше 38 дена во истиот период, а Џорџ Буш помладиот 100 дена.

„Њујорк пост“ наведува дека Бајден првиот дел од последниот одмор го поминал во ексклузивното одморалиште на островот Киава во Јужна Каролина. Тој и неговото семејство, вклучувајќи го и синот Хантер, беа во куќа со девет спални на сметка на Марија Алвин, вдовица на богатиот сопственик на хеџ фонд Џејмс Алвин, кој е голем донатор на Демократската партија на Бајден.

– Колку Џо Бајден може да биде отуѓен од реалноста? Поголемиот дел од август го поминува на одмор, додека Американците се принудени да ги откажат патувањата поради историски високата инфлација, високите цени на горивото и рецесијата. Бајден треба да престане да се џет-сетира од плажа до плажа и да се фокусира на решавање на кризата што ја создаде – изјави портпаролката на Националниот комитет на Републиканската партија, Ема Вон.

Поврзани содржини