САМО ШОЛЦ ЌЕ МОЖЕ ПРИСТОЈНО ДА СЕ ИСТУШИРА ЗИМАВА Медведев се мајтапи со германскиот канцелар
Германскиот канцелар минатата недела беше прашан од еден ученик колку често се тушира, на што тој рече „секој ден“. За време на истиот состанок, тој рече дека се смета себеси за богат човек, знаејќи колку заработуваат обичните Германци. Веројатно на ова мислеше Медведев во својот пост, но и на рекордните цени на гасот кои утринава осамнаа на светските берзи.
„Со оглед на сегашните цени на бензинот и ограничувањата за заштеда на енергија во Германија, се чини дека канцеларот е единствената личност во земјата која може пристојно да се истушира“, пренесува РТ.
Вака на социјалните мрежи со Олаф Шолц се пошегува поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.
„А што ќе се случи со цената до крајот на годината? 3.000 долари? 4.000 долари? Има ли повисоки облози, господа?“, додаде Медведев во саркастичната објава.
Германскиот канцелар минатата недела беше прашан од еден ученик колку често се тушира, на што тој рече „секој ден“. За време на истиот состанок, тој рече дека се смета себеси за богат човек, знаејќи колку заработуваат обичните Германци. Веројатно на ова мислеше Медведев во својот пост, но и на рекордните цени на гасот кои утринава осамнаа на светските берзи.
Новите мерки за штедење струја во Германија меѓу другото предвидуваат и штедење на топлата вода оваа зима. Германија се спрема за сезона без руски гас. Во меѓувреме, рејтингот на Шолц е најнизок од минатиот декември кога тој дојде на власт.
Според анкетата објавена минатата недела од германскиот истражувачки институт ИНСА, само 25 отсто од германската јавност е задоволна од неговиот настап како канцелар, додека 62 отсто од анкетираните изразиле неодобрување.