ВАКОВ ПОРАЗ ГИ ЧЕКА И НА ПАРЛАМЕНТАРНИ Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ го повика Ковачевски на изборен двобој

Ковачевски да собере храброст и да распише предвремени парламентарни избори веднаш. Само Собрание и Влада кои ќе ја отсликуваат реалната волја на народот може да носат одлуки и решенија кои ќе бидат во насока на излез од кризите во кои нѐ потонаа, порача Стојаноска.

96

Изборите во Тетово само ги потврдија анкетите кои говорат за огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, изјави денеска Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со 2:1 во Тетово. Три дена не можат да се соземат, зашто таков пораз ги чека и на парламентарни. Ковачевски доби јасна претстава што го чека на парламентарни и затоа три дена се обидуваат да го релативизираат поразот кој го претрпеа пред сопственото членство. ВМРО-ДПМНЕ освои 4 советнички мандати, а СДСМ 2 во Тетово. И тоа јасно покажува каков ќе биде и соодносот на идниот парламентарен состав. И не само што тие потонаа, туку потона и ДУИ. Промените се тука и веќе никој не може да ги запре – рече Стојаноска.






Таа вели дека Ковачевски се плаши за сопствената фотелја во партијата, па неговите пулени на позиции имаат единствена цел, да зборуваат на празно дека поразот не е пораз и дека сѐ е во ред.

– Но, Ковачевски знае дека ништо не е во ред. Зашто народот не го сака, затоа што ја уништија, потценија и осиромашија државата. Ковачевски да собере храброст и да распише предвремени парламентарни избори веднаш. Само Собрание и Влада кои ќе ја отсликуваат реалната волја на народот може да носат одлуки и решенија кои ќе бидат во насока на излез од кризите во кои нѐ потонаа – порача Стојаноска.

Поврзани содржини