ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО Секој Американец сериозно да ги сфати мајмунските сипаници

686

Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници.

Таквиот потег ќе ослободи средства за итни случаи и ќе укине некои бирократски пречки, јавија американските медиуми.






Објавата доаѓа повеќе од една недела откако Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на тој вирус.

– Подготвени сме за наш одговор на следно ниво во справувањето со тој вирус и го повикуваме секој Американец сериозно да ги сфати мајмунските сипаници – нагласи секретарот за здравство, Ксавиер Бесера, на брифингот со новинарите.

Поврзани содржини