ПОЛЕТАА ДА СПАСАТ ПАДНАТИ ВО ПРОВАЛИЈА Осум лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Грузија

Хеликоптерот превезувал спасувачи од итната служба кои биле повикани да им помогнат на параглајдеристи кои претходно паднале во провалија.

1,160

Хеликоптер на грузиската гранична полиција се урна откако изгуби контрола за време на спасувачка операција во зимски центар на северот на земјата, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи.

Хеликоптерот превезувал спасувачи од итната служба кои биле повикани да им помогнат на параглајдеристи кои претходно паднале во провалија.






Министерството соопшти дека во хеликоптерот во моментот на несреќата имало осум лица, а министерот за внатрешни работи Вахтанг Гомелаури потврди дека сите загинале.

Поврзани содржини