МРТ НЕ ЗНАЕ КОЈ И КОЛКУ Ѝ ДОЛЖИ Ревизорите со низа забелешки на финансиското работење на јавниот сервис

Според ревизорите, во јавниот сервис се пресметувале плати според стари акти кои не се усогласени со законските норми.

301

Државниот завод за ревизија изрази „резерва во вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“ за 2020 година на Јавното радиодифузно прептијатие Македонска радиотелевизија.

Во објавениот  Конечен ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на ЈП Македонска радиотелевизија наведува неколку клучни  состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; непрецизни одредби во актот за систематизација за дел од барањата и описот на работните задачи и неусогласени акти за пресметка на плата со важечките законски одредби; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија; нецелосно спроведен попис на средствата и обврските; невоспоставено следење на преземените мерки за наплата на побарувањата постари од 5 години и неправилности во планирањето, доделувањето на договорите за јавни набавки и нивната реализација.






Ревизорите препорачуваат МРТ да донесе стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; да го  прецизира и прилагодиописот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и да ги  усогласи актите за пресметка на плата со законските прописи; да воспостави внатрешна ревизија; како и да спроведе целосен попис на средствата и обврските и да ги усогласи сметководствената со фактичката состојба; и да ја ажурира евиденција за следење на побарувањата и навремено преземање правни дејствија за ненаплатените побарувања од комитентите и подобрување на планирањето, начинот на спроведувањена постапките за јавни набавки, како и потребата од прецизни одредби во договорите за начинот на реализација на набавката и плаќањето.

Поврзани содржини