ПОЧИНА ДОДЕКА ДИРИГИРАШЕ ОПЕРА ВО МИНХЕН Стефан Солтес работеше во најпрестижните европски оперски куќи

Засега нема детали за причината за неговата смрт.

982

Австрискиот диригент Стефан Солтес почина синоќа откако колабира додека диригираше со оркестарот во Националниот театар во Минхен за време на оперска изведба.

– Солтес колабираше додека диригираше со операта „Тивка жена“ на Рихард Штраус. Загубивме талентиран диригент и добар пријател – изјави генералниот директор на Баварската државна опера, Серж Дорни.






Засега нема детали за причината за неговата смрт.

Седумдесет и тригодишниот диригент со унгарско потекло работел во некои од најпрестижните европски оперски куќи и театри во својата петдецениска кариера, како во Виена, Грац, Хамбург, Берлин, Париз, Москва, Женева, Цирих и во Рим.

 

Поврзани содржини