РЕКСТРИКЦИЈА НА СТРУЈА ВО ЗАГРЕБ Клима уредите на Природно математичкиот факултет вклучени на 25 степени
Факултетот пресмета дека со зголемување на температурата на ладење ќе заштеди 20 отсто од потрошувачката на струја.
Природно математичкиот факултет во Загреб најверојатно е првата институција во Хрватска што воведува рестрикции на електричната енергија со ограничена температура за ладење на простории на најмногу 25 степени, што ќе им заштеди 20 отсто струја, пишува денеска Јутарњи лист.
Оттаму сметаат дека не треба да се чека ниту Европската комисија, ниту хрватската Влада, за рационално да се троши енергијата.
Одлуката за ограничување на температурата за разладување на просториите ја донесе факултетскиот колегиум уште во мај. Потсетување им е испратено на сите вработени на 27 јуни, кога почна првиот топлотен бран.
Притоа, факултетот ја финансираше изработката на елаборат за поставување фотоволтаични централи на крововите на зградите на математичкиот, физичкиот и на геофизичкиот отсек, со вкупна моќност од 192 киловолти. Како што се појаснува, за две недели ќе се распише тендер за изведување на тие работи.