СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Повредени се три лица
Во несреќата возачот Љ.Б. и Ф.Б.(29) од Скопје, сопатник во возилото „фиат“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, додека возачот Љ.Х. се здобил со телесни повреди.
Вчера во 14.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Песочан, охридско, се случила сообраќајна несреќа, која завршила со повреди на возачите и двете возила кои се судриле.
Несреќата се случила помеѓу патничко возило „Фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и патничко возило „Пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид.
Во несреќата возачот Љ.Б. и Ф.Б.(29) од Скопје, сопатник во возилото „фиат“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, додека возачот Љ.Х. се здобил со телесни повреди.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.