ЈА ИРОНИЗИРАВ ГРДАТА БЛОКАДА КОН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Рама твитна дека се кренала хистерија кон Ковачевски

Шегата на албанскиот премиер Еди Рама предизвика бура негативни реакции во јавноста. По овој повод денеска Рама се огласи на Твитер.

555

Албанскиот премиер Еди Рама на својот профил на Твитер денеска објасни дека на Самитот во Солун кој го организираше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, при ракувањето со германскиот канцелар Олаф Шолц ја иронизирал блокадата на Бугарија кон Македонија.

Шегата на албанскиот премиер Еди Рама предизвика бура негативни реакции во јавноста. По овој повод денеска Рама се огласи на Твитер.






„Хистеријата кон премиерот Ковачевски на некои во Скопје по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Северна Македонија од страна на Бугарија е за смеење и за плачење. Кавга во меана над чадот од ќофтињата“, напиша Рама.

Како што е веќе познато, при нивната средба со германскиот канцелар Олаф Шолц во Солун, Рама му кажа на Шолц дека Ковачевски е „иден премиер на Западна Бугарија“.

Поврзани содржини