ПРОДАВАЛЕ ДРОГА ВО КРУГ НА УЧИЛИШТЕ Полицијата приведе 9 дилери во Тетово

Во близина на групата полицијата пронајде 21 кесечка со марихуана.

140

Полицијата вчера вечерта лиши од слобода девет дилери на дрога во кругот на основно училиште во Тетово.

-Полицијата ги лиши од слобода Ш.Л.(24), Т.А.(24), Д.Б.(18), Е.Е.(22), В.Л.(19), А.Е.(25), А.Ш.(24), Л.Л.(28), сите од Тетово и Џ.М.(22) од село Стримница, Тетовско, затоа што во нивна непосредна близина биле пронајдени и одземени 21 ќесичка со марихуана, а по извршена проверка било констатирано дека Л.Л. се барал и по судска наредба за издржување на затворска казна – соопшти Министерството за внатрешни работи.






Од МВР додаваат дека Л.Л ќе биде спроведен во казнено поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини