КОНЦЕРТ НА KАРОЛИНА ВО СКОПЈЕ Пејачката ќе нѐ потсети на нејзините најголеми хитови
Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт под името „Ајде да летаме - Greatest hits“ на 1 јули, на Стадионот на АРМ во Скопје.
Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт под името „Ајде да летаме – Greatest hits“ на 1 јули, на Стадионот на АРМ во Скопје.
Концертот ќе биде со сериозна, светска продукција, светло и звук, какви што доликуваат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева. Концертот е сублимат на една неверојатно богата кариера, со 10 студиски албума и безброј хитови и евергрини, велат организаторите од Авалон продукција.
Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 1 јули во живо ќе може да ги слушнете: „Хипокрит“, „За нас“, „Капка под небото“, „Не се враќаш“, „Се лажам себе“ и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30-годишната кариера на Каролина.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (08.06) на avalon.mk