ЗА МАЛКУ БИЛА ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА Седумдесетина луѓе се здобиле со повреди во пожарот во хотелот „Буши“

Шестмина од луѓето се на Токсикологија, тројца во градската болница „8 септември“, а уште на 19-мина им била пружена лекарска помош на самото место. Вкупно седумдесетина луѓе се здобиле со повреди.

2,272

Седумдесетина луѓе се повредени во туркацините, десетици вдишале чад, дел од луѓето завршиле во болница, а со повреди се здобиле и тројца пожарникари во вчерашниот пожар во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија, јавува Телма. Шестмина од луѓето се на Токсикологија, тројца во градската болница „8 септември“, а уште на 19-мина им била пружена лекарска помош на самото место.

Според противпожарната служба, огнот избил на неколку места во хотелот, а зафатени биле рецепцијата и кујната. Пожарникарите дошле навреме за да спречат истиот да се прошири на околните објекти.

Поврзани содржини