ЌЕ СЕ СНИМА СПОТ Утре ќе биде затворена улицата 50 дивизија во Скопје

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, се вели во соопштението.

432

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на утре во периодот од 07.00 до 13.00 часот, поради снимање на видео спот, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улицата 50 дивизија во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

„За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини