МНР ДЕМАНТИРА ЗА АРИФИ Предлог за ЕУ амбасадор не е испратен, зошто тој сѐ уште не е усогласен

Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел, велат од МНР.

1,084

Министерството за надворешни работи како шпекулации ги оцени информациите што ги објавија одредени медиуми дека не било прифатено барањето за агреман за амбасадор на нашата земја во Европската Унија, бидејќи, како што посочуваат од МНР, таков предлог воопшто не бил пратен.

– Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што се уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор – се вели во денешната реакција од МНР.

Поврзани содржини