ИНТЕР ЈА ПРЕСЛУША „ВОЛЧИЦАТА“ Три гола во мрежата на Патрисио

Единствениот гол за Рома го постигна Мхтаријан во 85 минута.

215

Играчите на италијанскиот шампион Интер во денешното дерби со резултат 3:1 ја совладаа екипата на Рома и се искачија на лидерската позиција на табелата, веднаш пред Милан, кој утре игра дерби против Лацио.

Резултатот го отвори Дензел Дамфрис во 30 минута по одличната асистенција на Хакан Чалханоглу. Вториот гол го постигна Марсело Брозовиќ по одличниот слалом во шестнаесетникот на „волчицата“. Третиот гол во 52 минута го постигна Лаутаро Мартинез по изведениот корнер на Чалханоглу. Тој одлично ја зафати топката со глава и ја внесе во противничката мрежа.






Единствениот гол за Рома го постигна Мхтаријан во 85 минута.

Поврзани содржини