ТИМ СПОНЗОРИРАН ОД ГАЗПРОМ ЈА ИЗГУБИ ЛИЦЕНЦАТА Австрија Виена бара нов спонзор

Еден од најтрофејните австриски фудбалски клубови сега има право на жалба во рок од осум денови, а конечната одлука треба да биде позната до 27 април. Клубот соопшти дека договорот за спонзорство со „Газпром“ е сè уште важечки, но оти до Бундеслигата доставиле план за ликвидност со и без парите од рускиот спонзор.

155

Стравувањето на навивачите на Австрија Виена дека на нивниот трофеен тим му се заканува згаснување се зголемија, откако клубот, спонзориран од руски „Газпром“, не доби дозвола за настап за следната сезона.

Раководството на австриската Бундеслига соопшти дека неиздавањето на лиценцата се должи на финансиски и правни причини.






Еден од најтрофејните австриски фудбалски клубови сега има право на жалба во рок од осум денови, а конечната одлука треба да биде позната до 27 април.

Клубот од Виена соопшти дека договорот за спонзорство со „Газпром“ е сè уште важечки, но оти до Бундеслигата доставиле план за ликвидност со и без парите од рускиот спонзор.

Во истовреме, клубот наведе дека се работи на раскинување на договорот со руската компанија, но тој договор предвидува спонзорство од повеќе милиони евра, кои во моментов и се неопходни на Австрија Виена.

Поврзани содржини