КИЕВ НЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕДАВАЊЕТО НА УКРАИНСКИТЕ МАРИНЦИ Русите тврдат дека над 1.000 војници се предале во Мариупол

Украинското Министерство за одбрана не може да ја потврди информација, со која се тврди дека повеќе од 1.000 украински војници се предале во Мариупол.

262

Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Олександр Мотузјаник денеска изјави дека нема информации за предавање на украинската поморска бригада во Мариупол. За ова претходно информираше руското Министерство за одбрана.

– Немам информации – изјави Мотузјаник.






Тој претходно беше прашан за коментар околу соопштението на руското Министерство за одбрана, во кое се тврдеше дека 1.026 војници од украинската 36. поморска бригада, се предале во опколениот јужен пристанишен град.

Поврзани содржини