ДАЛИ ЧОВЕКОТ ПО КОЈ ТРАГА МВР Е АКТИВИСТ НА ВМРО-ДПМНЕ? Од СДСМ возвратија на провокацијата
По одредени информации кои се појавија оваа партија треба да одговори дали човекот по кој трага МВР е активист и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, возвратија од СДСМ на провокацијата од ВМРО-ДПМНЕ.
По провокативното прашање испратено од ВМРО-ДПМНЕ, до Министерството за внатрешни работи, со кое од опозицијата прашаа дали одговорните за убиството на ракометарот Денис Тот се лица припадници на нарко картел, блиски до министерот Оливер Спасовски, од владејачката СДСМ возвратија соодветно.
„МВР постапува професионално и го расчистува случајот со убиството, за што јавноста е навремено информирана. А ВМРО ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата. По одредени информации кои се појавија оваа партија треба да одговори дали човекот по кој трага МВР е активист и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ?“, возвратија од СДСМ, на провокацијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, хрватскиот ракометар Денис Тот, почина во текот на вчерашниот ден. Од МВР посочија дека тој починал како резултат на здобиените повреди во пределот на главата. Тројца се осомничени за неговото убиство, а едно лице е недостапно за полицијата.