ПОМИСЛЕТЕ НА НАС, ЗА ПРОМЕНА Средношколци маршираа за мир

Основната цел на овој марш, е да се крене свесноста на младите луѓе во Македонија за тоа дека е потребно токму тие, младите, да бидат активни учесници во својата земја и светот, и гласно да ги изразат своите ставови и мислења против сите војни во целиот свет.

196

Денеска во Скопје се одржа Мировен марш под мотото “ПОМИСЛЕТЕ НА НАС, ЗА ПРОМЕНА”.
Маршот започна со собир пред Собранието на Република Македонија, и продолжи со мирно движење низ центарот на градот, се до Владата на Република Македонија. На маршот земаа учество средношколци од повеќе средни училишта во Скопје, дополнително поддржани од нивни професори и родители.
На маршот доминираше белата боја – бојата на мирот, а учесниците носеа транспаренти со мировни пораки. Иницијативата за овој мировен марш произлезе од средношколци, во рамките на проект за свесноста и делувањето во граѓанскиот сервис. Идејата доби поддршка и од членови на Сојузот на средношколска младина на Македонија.
Основната цел на овој марш, е да се крене свесноста на младите луѓе во Македонија за тоа дека е потребно токму тие, младите, да бидат активни учесници во својата земја и светот, и гласно да ги изразат своите ставови и мислења против сите војни во целиот свет.

Поврзани содржини