БРИСЕЛ ГО „ПРИЗНА“ ПОПИСОТ Тоа е големо достигнување

По објавувањето на резултатите од пописот, портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, за МИА изјави дека Комисијата го поздравува пописот, спроведен првпат од 2002 година.

391

Европската комисија го поздрави пописот во Северна Македонија нарекувајќи го големо достигнување, јави дописничката на МИА од Брисел.

По објавувањето на резултатите од пописот, портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, за МИА изјави дека Комисијата го поздравува пописот, спроведен првпат од 2002 година.






– Ова е големо достигнување: обновени податоци за населението се суштински за планирање и имплементирање на соодветни социјални, демографски и економски политики за бенефит на сите граѓани – изјави Писонеро за МИА.

Поврзани содржини