АХМЕТИ ЗАДОВОЛЕН ОД ПОПИСОТ Во Скопје има 22,8% Албанци

Албанците се 29,5% од вкупното население и 24,3% од резидентното население, во Скопје има 22,8% Албанци за разлика од 20,04% во 2002 година, напиша на Фејсбук лидерот на ДУИ Али Ахмети.

689

Пописот на населението даде појасна слика за бројот на жители во земјава: Албанците се 29,5% од вкупното население и 24,3% од резидентното население, додека во градот Скопје 22,8% (во споредба со 20,04% во 2002 година), напиша на Фејсбук лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Тој упати честитка до институциите за завршениот попис.






„Им честитам на сите институции кои беа вклучени и го помогнаа пописот како процес кој започна во март минатата година со дијаспората и заврши во септември со пописот во државата, процес и предизвик нималку лесен, но успеавме да биде завршен успешно“, додаде Ахмети.

Поврзани содржини