БАРСЕЛОНА ГО ПОНИЖИ РЕАЛ ВО МАДРИД Каталонците триумфираа со 0-4
По 29 одиграни кола, Реал Мадрид е прв на табелата во шпанското фудбалско првенство, со 12 бода предност пред Барселона.
Екипата на Барселона целосно му се одмазди на Реал Мадрид за поразот на првиот меч од сезоната и вечерва на „Сантијаго Бернабе“ покажа дека со Чави е сосема поинаков тим, подготвен да го врати приматот во Ла лига.
Можеби неочекувано, но сосема заслужено „Каталонците“ го „размонтираа“ тимот на Реал Мадрид во „Ел Класико“ и го совладаа со о-4 и тоа пред мадридската публика. По 6-2, 5-0, 5-1 во последните 13 години, Реал Мадрид вечерва доживеа уште едно понижување од својот најголем ривал.
По 29 одиграни кола, Реал Мадрид е прв на табелата во шпанското фудбалско првенство, со 12 бода предност пред Барселона.