ПРОЕКТОТ БРТ НЕ Е НАПУШТЕН Мицкоски истакна дека треба да се коригираат грешките на Шилегов

Ако е тоа грев да одиме по светот и да бараме инвеститори кои што ќе отворат фабрика во Македонија, ќе вработат Македонци, ќе ги платат тие Македонци и од Македонија ќе извезуваат оваков тип на возила во Европа, тогаш да не чекаат веднаш да дојдат и да ме апсат, вели Мицкоски.

696

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија најави дека има распишан тендер за 11 нови булевари во Скопје, а зборуваше и за проектот БРТ за кој истакна дека тој проект не е напуштен туку едноставно се корегираат грешките и се одглавува каде што претходниот градоначалник Петре Шилегов го заглавил.

– Проектот БРТ не е напуштен туку грешките кои што претходниот градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ Петре Шилегов во проектот, всушност нема проект туку таму има само желба, технички ги корегираме. Ниеден проект нема да се стопира, само проектите кои што беа заглавени од претходната администрација и претходниот градоначалник на Градот Скопје овие четири се решаваат и се одглавуваат, како што е мостот АСНОМ кој што ги поврзува Аеродром со Керамидница, како што е првата фаза на булеварот АСНОМ 1, 2 кој што проаѓа покрај Ист Гејт, како што е мостот тука на Љубљанска карши Сити Мол, како што е булеварот Борис Трајковски кон Драчево, како што е Сенинова, како што се Теодосиј Гологанов и многу други проекти, и во моментот распишан е тендер за реконструкција на 11 булевари кој што треба да заврши до крајот на месецов и веќе од есен да почнат да се реализираат, започнува Усјански канал, започнуваат и други проекти кои што ќе се градат, започнуваат и Бутелска, Славка Димкова во Драчево, неколку проекти за физибилите за кружен тек во Сарај и Ѓорче. Повторно го вадиме на виделина проектот за Цветан Димов, да нема гужва на Бит Пазар за да можат пристојно да се движат Чаирчани, Бутелчани и сите останати во тој дел на градот – рече Мицкоски.






Мицкоски одговори на обвинувањата на СДСМ за набавка на 100 електрични автобуси, порачувајќи им дека доколку е грев тоа што оди по светот и бара фабрика да инвестира во Македонија се со цел подобрување и на квалитетот на живот на скопјани и на подобрување на квалитетот на воздухот, тогаш веднаш да го уапсат и воопшто да не чекаат.

– Ако е грев тоа што сакаме да го подобриме комфорот на скопјани, квалитетот на животот на скопјани, да го подобриме квалитетот на воздухот, затоа што изминатите четири години буквално ништо не беше преземено, ако е тоа грев да одиме по светот и да бараме инвеститори кои што ќе отворат фабрика во Македонија, ќе вработат Македонци, ќе ги платат тие Македонци и од Македонија ќе извезуваат оваков тип на возила во Европа, тогаш да не чекаат веднаш да дојдат и да ме апсат – вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски додаде дека задоволство за него и неговиот тим е и ако обезбедат и едно ново работно место, укажувајќи ако е тоа грев, тогаш признава дека е грешен.

– Не да прават истраги, веднаш да дојдат да ме апсат, од студиото сега надвор да дојдат и да ми ги стават лисиците и да одам во затвор, ако е ова грев што го правам, грешен сум признавам. Но знам дека и за мене и за тимот со мене што работи задоволство ако успееме да обезбедиме и едно ново добро платено место и еден мој дипломиран студент да го задржам во Македонија и да го предомислам кој што решил да ја напушти, веднаш после дипломирањето, ако е тоа грев веднаш да дојдат да ме апсат, ич да не чекаат, порача претседателот Мицкоски.

Поврзани содржини