ГОЛЕМ РИЗИК, А МАЛА ДОБИВКА Врховниот командант на НАТО е против испраќањето авиони во Украина

Проценките на разузнавачките служби се дека испраќањето авиони „би можело да се протолкува како пресврт во конфликтот и да доведе до голема руска реакција со што ќе се зголемат шансите за воена ескалација со НАТО“. 

388

Врховниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Тод Волтерс, се заблагодари денеска на Полска за понудените борбени авиони за Украина, оценувајќи дека испраќањето Миг-29 би „бил голем ризик, а мала добивка“.

Полска објави дека е подготвена да испорача на Украина преку НАТО авиони Миг-29, ако на тоа се согласат сите земји членки на Алијансата.






– Најефикасен начин да се поддржи украинската војска во борбата против Русија е обезбедување на големи количини противтенковско оружје и системи за противвоздушна одбрана – изјави Волтерс.

Волтерс оцени дека Украина веќе има доволно борбени авиони и дека испраќањето Миг-29 „нема значително да ја подобри ефикасноста на украинската воена авијација“.

Според Волтерс, проценките на разузнавачките служби се дека испраќањето авиони „би можело да се протолкува како пресврт во конфликтот и да доведе до голема руска реакција со што ќе се зголемат шансите за воена ескалација со НАТО“.

Поврзани содржини