ЛЕБЕДОВАТА ПЕСНА НА ТВ ДОЖД Престана со работа последната независна телевизија во Русија

Независната телевизиска станица е исклучена поради тоа што нејзината програма предизвикувала нарушување на јавниот ред и мир, тврдат руските власти.

596

Руската телевизија „Дожд“ која важеше, за независна во медиумскиот простор на оваа земја, вчера престана да емитува програма. Затварањето на телевизијата доаѓа по одлуката на рускиот регулатор Роскомнадзор, а објаснувањето е дека телевизијата поттикнува протести и нарушување на јавниот ред и мир.

Телевизијата воедно зазеде став против војната во Украина.






Со последното емитување на програмата, уредниците ги собраа сите вработени пред камерите за да се поздрават со гледачите. Симболично, крајот на програмата заврши со „Лебедово езеро“ од Чајковски. Ваквата симболика влече корен од распадот на СССР кога за време на неуспешниот пуч, телевизиите непрекинато го пуштаа ова дело на Чајковски.

Поврзани содржини