И БЕЛОРУСИЈА СЕ ВКЛУЧИ ВО ИНВАЗИЈАТА Русите го зазедоа аеродромот близу Киев

Во меѓувреме, Русија онеспособи 74 копнени воени инфраструктурни објекти во Украина, 11 аеродроми, три командни пункта, украинската поморска база, како и 18 радарски станици за противвоздушни ракетни системи С-300 и БУК М-1.

623

Новинарите на Си-Ен-Ен јавија дека руските сили го зазеле аеродромот „Антонов“, што се наоѓа на 20 километри од Киев.

„Тоа се војниците што ги гледате, тоа се војници од руските воздухопловни сили. Тие го зазедоа аеродромот“, напишаа новинарите на Си-Ен-Ен на Твитер.






Четири балистички ракети беа лансирани од територијата на Белорусија кон територијата на Украина, изјави денеска началникот на Генералштабот на Украина Валериј Залужни.

„Четири балистички проектили беа истрелани во правец на југозапад“, објави Залужни на Фејсбук. Засега нема повеќе информации за наводите на Залужни.

Во меѓувреме,Франција ги осуди Белорусија и Русија за нејзината улога во инвазијата на Украина. Жан-Ив Ле Дриан, министер за надворешни работи, го осуди „користењето на територијата на Белорусија од страна на режимот на Лукашенко за оваа агресија врз суверена земја“.

Тој, исто така, рече дека Франција ќе ја зајакне својата поддршка за Украина „во сите нејзини форми“, иако не кажа дали тоа значи дека Франција ќе почне да испорачува оружје.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска ја повика Белорусија да не „учествува“ во руската офанзива во Украина, бидејќи Киев тврди дека Русија ја користи белоруската територија за својата инвазија.

-Апелирам до Белорусија и нејзиниот народ. Имате избор да не ја следите деструктивната акција на Русија. Имате избор да не учествувате во оваа непотребна трагедија против вашите соседи во Украина – рече европскиот функционер.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно денеска изјави дека белоруската армија не учествува во руската инвазија на Украина.

На 10 февруари во белоруска територија почнаа заеднички воени вежби на големи единици на армиите на Русија и Белорусија, а пред четири дека Министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека маневрите ќе продолжат поради зголемувањето на воените активности во близина на границата и влошувањето на ситуацијата во Донбас.

Во меѓувреме, Русија онеспособи 74 копнени воени инфраструктурни објекти во Украина, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

– Овој број вклучува 11 аеродроми, три командни пункта, украинската поморска база, како и 18 радарски станици за противвоздушни ракетни системи С-300 и БУК М-1 – рече Конашенков.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на командантите на руската армија да се однесуваат со почит кон украинската армија.

Поврзани содржини