СО БЕКТЕШИ ДОЖИВЕАВМЕ СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА Бесими откри детали за верижниот судар пред Владата

Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата, информираше министерот за финансии Фатмир Бесими.

1,565

Министерот за финансии Фатмир Бесими соопшти дека доцна попладнево службеното возило во кое се превезувал заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, било учесник во сообраќајна незгода.

„Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата. Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување“, напиша Бесими на „Фејсбук“.






Претходно, Телма објави дека во сударот учествувале три возила и дека екипата на брзата помош веднаш пристигнала на местото на настанот.

ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈКА ПРЕД ВЛАДАТА Во сударот учествувал и министерот Фатмир Бесими? (ФОТО)

Поврзани содржини