НАУЧНИЦИТЕ СО НОВО ОТКРИТИЕ Дали ова е причината зошто инфекцијата со омикрон е поблага од делта?
Омикрон, за разлика од делта, се чини дека не успева да ги спречи заразените клетки да произведуваат и лачат интерферон, природен протеин одговорен за имунолошкиот одговор присутен во сите човечки клетки, се вели во истражувањето.
Научници идентификуваа можна причина зошто инфекцијата со омикрон е поблага од другите варијанти на коронавирусот.
Истражувањата покажаа дека омикронот е почувствителен на имунолошкиот одговор на луѓето отколку на делта варијантата, објавија истражувачите од Германија и Велика Британија во списанието „Cell Research“.
– Нашата студија за прв пат објасни зошто инфекциите со омикрон имаат помала веројатност да предизвикаат тешка болест – рече Мартин Михаелис од Одделот за бионаука на Универзитетот во Кент, чиј тим ја спроведе студијата во Универзитетската болница во Франкфурт.
– Омикрон, за разлика од делта, се чини дека не успева да ги спречи заразените клетки да произведуваат и лачат интерферон, природен протеин одговорен за имунолошкиот одговор присутен во сите човечки клетки. Инфицираните клетки произведуваат интерферон. Едноставно кажано, овие супстанции служат како гласници кои, меѓу другото, ги информираат другите клетки за присуството на вирусот – велат научниците.
Според ова истражување, делта се покажала како „поуспешна“ од омикрон кога станува збор за способноста на клетките да го блокираат производството на интерферон.
– Интерферонот е важен за неспецифичен имунолошки одговор, односно за многу брза и поопшта реакција на имунолошкиот систем во борбата против патогените. Неспецифичен имунолошки одговор треба да се разликува од специфичен имунолошки одговор на кој е потребно подолго време за да се активира. Специфичен имунолошки одговор произведува антитела кои постојат за да се борат против одреден патоген – се објаснува во истражувањето.