ВМРО-ДПМНЕ БАРА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ДА ПОЧНЕ ОНЛАЈН Владејачкиот СДСМ обвини за лицемерие
Опозицијата предлага наставата за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да почне со физичко присуство.
ВМРО-ДПМНЕ побара од власта да ја преиспита одлуката второто полугодие да почне со физичко присуство на учениците, затоа што засилено се шири омикрон варијантата на ковид-19. Партијата предлага наставата за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да почне со физичко присуство.
СДСМ барањето на ВМРО-ДПМНЕ го оцени како лицемерно, неискрено и лажно. Владејачката партија потсети дека одлуката наставата да продолжи со физичко присуство е поткрепена со мислењата на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ.
– Лицемерието на Мицкоски нема граници, едно зборува а друго прави. Предгала наставата да биде онлајн, а тој седи во кафеани и ги прекршува мерките – вели СДСМ.