СПОРОТ СО МАКЕДОНИЈА ПРЕДИЗВИКА НАТПРЕВАР НА ПАТРИОТИЗАМ Ќучуков реагира на политичката атмосфера во Бугарија

Според него, каков и да има договор меѓу Бугарија и Македонија, тој мора да добие поддршка од парламентот и општеството.

245

На политички план Бугарија западна во целосна изолација во ЕУ заради спорот со Македонија, изјави за Нова њуз, Љубомир Ќучуков, поранешен бугарски заменик министер за надворешни работи, кој сега работи во невладиниот Институт за меѓународни односи.

Ќучуков смета дека Бугарија ја загубила сета своја предност како членка на ЕУ, пренасочувајќи го притисокот од кандидатот за членка кон себе.






Според него, каков и да има договор меѓу Бугарија и Македонија, тој мора да добие поддршка од парламентот и општеството.

– Може да се испостави дека со сегашното натрупување на негативизам, за изнаоѓањето договор ќе биде потребно помалку политичко време отколку за обезбедување домашна поддршка во Софија и Скопје – рече Ќучуков, додавајќи дека довербата е клучен услов за преговорите.

Според него, интересно е што најсериозните противници на договор се две истоимени партии во двете земји – ВМРО.

– Спорот со Северна Македонија стана натревар во патриотизам во Бугарија. Главниот резултат на бугарско-македонските преговори е дека има согласност да се постигне договор, се менува климата на билатералните односи и веќе постои подготвеност за дијалог за спорните прашања. Единствениот начин да се случи тоа е преку меѓувладини преговори – вели поранешниот бугарски дипломат.

Поврзани содржини