БЕСА СЕ ЗАСИЛИ СО ФАТМИР ЛИМАНИ Внукот на Ахмети оди во опозиција
Лимани е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети и на локалните избори се кандидираше за градоначалник на Кичево, независно од матичната партија.
Лидерот на Беса Биљал Касами денеска на прес конференција објави дека Фатмир Лимани се приклучува на движењето Беса.
„Ми претставува особено задоволство што веднаш по објавувањето на датумот на партискиот конгрес, започнуваме со зајакнување на нашите редови. Денеска сме тука заедно со активистот Фатмир Лимани и неговите пријатели да направиме важен чекор кон зајакнување на албанската опозиција, приклучувајќи се во редовите на Движењето Беса. За нас е чест и почит што еден национален деец како Фатмир Лимани, кој целиот свој живот го посвети на националната дејност, стана дел од Движењето Беса“, рече Касами.
Лимани е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети и на локалните избори се кандидираше за градоначалник на Кичево, независно од матичната партија.