ОМИКРОН Е КРАЈОТ, AMA… Можни се нови соеви и изненадувања

Очекуваме период на мир, а потоа на крајот на годината ковид-19 би можел да се врати, но не мора да биде пандемија, вели Ханс Клуге, шеф на европскиот оганок на СЗО порачувајќи дека е рано да прогласиме крај на пандемијата. Во светот „ќе се воспостави глобален имунитет кој ќе трае со недели и месеци“, а до март 60 отсто од Европејците би можеле да бидат заразени со омикрон-сојот.

302

Омикрон го означи почетокот на новата фаза во пандемијата на ковид-19, а можеби и нејзиниот крај во Европа, изјави шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге.

– Може да се заклучи дека регионот се приближува кон своевидна последна фаза на пандемијата – изјави вчера Клуге за АФП, додавајќи дека до март 60 отсто од Европејците би можеле да бидат заразени со омикрон, пренесува Хина.






Кога сегашниот бран на инфекција со омикрон во Европа ќе стивне, „ќе се воспостави глобален имунитет кој ќе трае со недели и месеци, благодарение на вакцината и имунитетот што луѓето го стекнале преку зараза и намалената сезоналност, објаснува Клуге.

– Очекуваме период на мир, а потоа на крајот на годината ковид-19 би можел да се врати, но не мора да биде пандемија – додаде Клуге.

Шефот на европската канцеларија предупредува дека премногу е рано да се прогласи ковид-19 за ендемична болест, како што е грипот.

– Многу се зборува за ендемија, но ендемија значи … дека можете да предвидите како ќе се развиваат работите. Вирусот веќе неколку пати нè изненади, па мораме да бидеме многу внимателни – нагласува Клуге.

– Омикрон се шири многу брзо и може да се појават нови варијанти – додава тој.

Поврзани содржини