ТАРАВАРИ ПОВИКУВА НА КАУЗА ЗА НОВ ЖИВОТ Во борбата со народот, диктатурата секогаш губи

Секоја диктатура која игра против народот може да победи на секој натпревар, но шампионатот на крајот секогаш го добива народот и ова е неговото време.

1,841

Генералниот секретар на опозициската албанска партија Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари ги повика неадоволните граѓани да се зачленат во неговата партија, односно да ѝ се придружат на „Каузата за нов живот“.

„Во име на Алијансата на Албанците упатуваме повик до секој поединец на возраст од повеќе од 18 години да и се придружи на нашата голема ‚Кауза за нов живот!’ Потребни сме си еден на друг повеќе од кога било досега, бидејќи само така можеме да ги придвижиме ‘рѓосаните сказалки на овој опасен владин часовник! Зачленувањата започнаа и завршуваат на 15 февруари 2022 година. Бројот на пријавени е толку голем, што лесно се разбира нивниот револт против власта! Секоја диктатура која игра против народот може да победи на секој натпревар, но шампионатот на крајот секогаш го добива народот и ова е неговото време! Дојдете! Бидете дел од решението! Потпишете ја историјата, бидејќи… Победата им припаѓа на оние што се осмелуваат“, истакна Таравари.






Гостиварскиот лекар порака ја објави на Фејсбук.

Поврзани содржини