СРБИТЕ ГО ИЗБРКАА „РИО ТИНТО“ Протестите се исплатеа, нема да се копа литиум во Лозница

Мене ми е важно што сакаат луѓето во Србија. Дозволите издадени за „Рио Тинто“ наскоро ќе истечат, ќе го откажеме просторниот план во кој беше вклучен проектот „Јадар“ и тоа е тоа, рече премиерката на ТВ Прва.

1,521

Масовните еко-протести во Србија по сè изгледа успеаjа, а компанијата „Рио Тинто“ ќе си оди од Србија за неколку недели кога ќе истече нејзината лиценца која нема да биде продолжена, а воедно ќе биде откажан и проектот „Јадар“, пишуваат српските медиуми. Утре попладне на седница на Владата ќе се зборува за копањето литиум во Лозница и за целиот случај.

– Мене ми е важно што сакаат луѓето во Србија. Дозволите издадени за „Рио Тинто“ наскоро ќе истечат, ќе го откажеме просторниот план во кој беше вклучен проектот „Јадар“ и тоа е тоа – рече премиерката на ТВ Прва.






Три последователни викенди, илјадници демонстранти во Белград и на други места во Србија ги блокираа главните патишта и мостови за да се спротивстават на планот  за ископување литиум вреден 2,4 милијарди долари . Протестите беа најголемиот предизвик досега за владата на Александар Вучиќ. Градскиот совет на Лозница исто така гласаше против отворањето на ваков рудник.

За Брнабиќ, тоа е еден наследен проект од 2012, кога Министерството за животна средина издало лиценца за дупчење со голем дијаметар.

– Ниту ќе издаваме решение, ниту ќе правиме нешто повеќе, не само за „Рио Тинто“, туку и за литиумот, без договор со локалната заедница и локалното население – истакна Брнабиќ.

Англо-американската корпорација „Рио Тинто“ е втора фирма во светот во областа на металите и рударството, по фирмата БХП.

Поврзани содржини