ЌЕ ОСТАНЕ ЛИ НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН? Работниците ќе излезат на улица доколку Уставен го поништи законот
Стопанската комора на Македонија вчера поднесе иницијатива пред Уставниот суд за Законите за трговија и за работни односи, а со кои се уредува работењето во ден недела.
Работниците ќе излезат на улица ако Уставниот суд ги поништи законите за недела-неработен ден. Од Сојузот на синдикати на Македонија со остра реакција на иницијативата на бизнис секторот за оценување на уставноста на донесените закони, објави Сител.
– Недела ден на неделен одмор е реалност колку и тоа на „газдите“ да не им се допаѓа, а не им се допаѓа поради тоа што ги полнеа џебовите на грбот на работниците кои им работеа без да ги плаќаат – реагираат од ССМ.
Синдикатот најавува дека работниците нема да попуштат и масовно ќе излезат на улица во одбрана на едно од своите најважни барања, недела-неработен ден, односно поголеми дневници и дополнителен слободен ден за работниците во тие дејности кои мора непрекинато да работат.
Министерот за економија вели дека ќе ја почитуваат одлуката на Уставниот суд.
Стопанската комора на Македонија вчера поднесе иницијатива пред Уставниот суд за Законите за трговија и за работни односи, а со кои се уредува работењето во ден недела. Од Комората го најавија ваквиот потег уште пред да стапи во сила законот. Ги оспоруваат одредбите кои се однесуваат на работното време, инспекцискиот надзор и прекршочните санкции. Сметаат дека ваквото законско решение е спротивно на слободата на пазарот, владеењето на правото и начелото за еднаквост.