НАЈДЕН МРТОВ ВО РЕКАТА ПЕНА Беше пријавен за исчезнат пред Нова година

Во текот на денот се организира увид во координација со Јавен обвинител и со учество на лекар по судска медицина.

452

Полицијата информира дека денеска е најден мртов 62-годишникот кој беше пријавен како исчезнат на 31 декември. Тој бил најден во водите на реката Пена кај Фалише.

– Денеска околу 11.30 часот, во водите на река Пена, во атарот на тетовско Фалише, пронајдено е телото на И.Л. (62) од Тетово, за кого на 31.12.2021 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Неколку дена потоа по И.Л. интензивно се трагаше со екипи на СВР Тетово, а во потрагата беа вклучени и кучиња-трагачи – информира СВР Тетово.






Во текот на денот се организира увид во координација со Јавен обвинител и со учество на лекар по судска медицина.

Поврзани содржини