ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ПРИСТИГНУВААТ ОД СКОПЈЕ Никола Митревски е негативен на ковид-19, сега се чека на ЕХФ

Инаку, за потсетување Митревски беше позитивен на тестирањето на 10 јануари, но по се изгледа станувало збор за „лажно позитивен резултат“. Репрезентативниот голман по тој тест има направено уште три антиген и еден ПЦР тест и сите покажале дека тој е негативен на коронавирусот.

378

Додека репрезентативците на Македонија во Дебрецин ги одбројуваат последните часови за дуелот со Словенија (денес со почеток од 18 часот), од Скопје пристигнуваат одлични вести. Првиот голман на репрезентацијата Никола Митревски не е позитивен на ковид-19 и би можел наскоро да им се приклучи на репрезентативните колеги.

Инаку, за потсетување Митревски беше позитивен на тестирањето на 10 јануари, но по се изгледа станувало збор за „лажно позитивен резултат“. Репрезентативниот голман по тој тест има направено уште три антиген и еден ПЦР тест и сите покажале дека тој е негативен на коронавирусот.






Самиот голман кој пред неколку месеци прележа коронавирус истакна дека не чувствува никакви симптоми, a по серијата негативни резултати сега се очекува тој да добие зелено светло за да се приклучи на репрезентативниот состав во Дебрецин.

Сепак, Митревски дефинитивно го пропушта дуелот со Словенија, но доколку добие дозвола од ЕХФ веднаш би тргнал на пат за Дебрецин, по што би бил во комбинација за вториот меч со Црна Гора што на програмата е в сабота.

Поврзани содржини