ПО РЕЧИСИ ДВЕ НЕДЕЛИ ОТКАКО ГО ПОСТАВИ Арсовска го смени директорот на „Градски паркинг“

Филип Пасху не е разрешен, беше поставен на функцијата в. д. директор како времено решение за да се запазат рокови. Тој ќе има ангажман со нова позиција во Градот. Претпријатието има нов директор, Бојан Христовски, велат од Град Скопје

1,013

По речиси две недели откако го постави на функцијата, скопската градоначалничка Данела Арсовска го разреши в.д. директорот на „Градски паркинг“, Филип Пасху. Од денес неговата фотелја ќе ја преземе Бојан Христовски, поранешен вработен во Министерството за внатрешни работи.

Од прес-службата на Град Скопје велат дека Пасху бил само времено решение.






– Досегашниот директор на ЈП „Градски паркинг“ Филип Пасху има нова работна позиција во Градот Скопје, поради која повеќе нема да ја извршува функцијата директор на ова јавно претпријатие – велат од Град Скопје.

Пасху беше поставен на в.д. директорската позиција на 31 декември.

Бојан Христовски е магистер на науки на Факултетот за безбедност, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а во својата струка има поминато повеќе меѓународни обуки. Христовски од 2006 година има работно искуство во Министерството за внатрешни работи, каде бил на повеќе на раководни позиции.

Поврзани содржини